Александар Вучиќ бесен на плановите на Европската унија: “Јас разбирам за Украина, но за нас ? Знаете што може да се случи за седум години !?“

Лично немам ништо против Украина, но тешко е да не се забележи разликата во поддршката што ја доби Киев на патот кон полноправно членство во ЕУ и онаа на која бевме ние сведоци во последните години“, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ во интервјуто Financial Times објавно викендов.

Официјален Киев поднесе барање за членство во февруари 2022 година, само неколку дена откако Русија ја започна својата крвава инвазија. Неколку месеци подоцна, Украинците добија кандидатски статус.

Белград, пак, на тој чекор мораше да чека цели четири години, по што пристапните преговори заглавија поради разни проблеми, од кои најочигледен е прашањето за Косово.

Србија е неспоредливо поподготвена отколку што беа Романија и Бугарија во 2007 година, кога се приклучија на ЕУ“, вели Александар Вучиќ нагласувајќи дека постојаното одложување на напредокот на преговорите не соодветствува со реалноста на ситуацијата во неговата земја.

Слушнавме дека самата Унија не планира проширување пред 2025 година, сега се зборува за 2030 година; тоа се седум години. Кој знае што може да се случи во тие седум години“, нагласува Александар Вучиќ.