Александар Вучиќ добри остро предупредување од Вашингтон: “Веднаш повлечете ги војниците од границата!“

Белата куќа објави дека српските војници се акумулираат долж границата на Србија со Косово и го повика официјален Белград веднаш да ги повлече.

Набљудуваме големо распоредување на српски сили долж границата со Косово, што е без преседан и вклучува модерна артилерија, тенкови и механизирани пешадиски единици“, изјави во петокот портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби.

Ова е многу дестабилизирачки развој што се случи оваа недела. Ја повикуваме Србија да ги повлече своите сили од границата и да ги намали тензиите“, вели тој.

Конфликтот минатиот викенд меѓу косовската полиција и околу триесетина тешко вооружени Срби скриени во манастир го претвори селото Бањска на северот на Косово во воена зона и предизвика загриженост кај меѓународната заедница за стабилноста на Косово.

Џон Кирби кажа дека нападот не бил случаен и дека пронајдените видови оружје претставуваат закана не само за персоналот на Косово, туку и за меѓународниот персонал, вклучително и силите на НАТО.

слика
село Бањска, Косово

Сите вклучени во овој напад мора да бидат изведени пред лицето на правдата“, порача тој.

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан во петокот разговараше со премиерот на КосовоАлбин Курти и изрази загриженост за српската воена мобилизација во близина на границата со Косово, соопшти Белата куќа.

Во таа прилика американскиот советник посочи дека дијалогот е единствено долгорочно решение за обезбедување стабилност на цело Косово, се вели во соопштението на Белата куќа.

Вчера, пак, американскиот државен секретар Ентони Блинкен разговараше со српскиот претседател Александар Вучиќ со цел да одговори на загриженоста на Вашингтон за тензиите со Косово.

Ентони Блинкен нагласи дека одговорните за нападите сега во Србија мора да одговараат, мислејќи на судирите меѓу неидентификувана српска група и косовската полиција минатата недела, во кои загинаа четири лица во северно Косово.

Да потсетиме, адвокатот на Милан Радоичиќ, контроверзниот бизнисмен и сега потпретседател во заминување на водечката партија на Србите на Косово, Српска листа, Горан Петронијевиќ, денеска на прес-конференција во Белград изјави дека Милан Радоичиќ ја прифатил одговорноста за организирање вооружениот конфликт кај Бањска на северот на Косово минатиот викенд.