АЛЕКСАНДАР ЗАСТАНАЛ ДА СМЕНИ ГУМА И ИЗБЕГНА МАСАКР ВО МОСКВА: Судбината дури 3 пати го спречи да го однесе синот на кобниот концерт (ВИДЕО)

Татко и син од регионот Тула по сплет на неверојатни околности го избегнаа масакрот во концертната сала Крокус!

Судбината неколку пати се обиде да го спречи Александар од Узловој да оди на концертот на групата „Пикник“ во Москва. Најпрво доживеа сообраќајна несреќа и го удри автомобилот, а потоа му се расипа вториот, но според каналот SHOT на Telegram, тој сепак одлучил да оди на настап на омилените музичари со изнајмен автомобил.

Александар наведува дека на 60-тина километри од обиколницата во Москва, на изнајмениот автомобил му експлодирала гума. Сакал да ја смени оштетената гума, но не успеал да одврти една од петте навртки, а тоа се покажало спасоносно бидејќи во Москва во тој момент се случувало нешто страшно.

Откако ја сменил гумата, Александар “стиснал на гаста до даска”, за да стигне во Крокус и да слушне барем неколку песни, но пријателите навреме го контактирале.

SHOT наведува дека Александар изнајмил автомобил за да оди на концерт со својот син (20) откако во јануари доживеал сообраќајна несреќа во која неговиот автомобил бил оштетен. Потоа земал нов автомобил, кој по неверојатна игра на судбината се расипа.

Му кажав на син ми дека во иднина ќе имаме по два родендени – додаде Александар.

Група терористи, да потсетиме, во петокот околу 20 часот упаднаа во концертната сала „Крокус“ ​​во северозападниот дел на Москва и отворија оган врз толпата. Терористите пукаа во луѓе од непосредна близина, а потоа ја запалија салата.

Според последните податоци на Истражниот комитет, загинале 137 лица, меѓу кои три деца, а 180 лица се повредени.

Путин го прогласи 24 март за ден на национална жалост.

Терористите биле уапсени во саботата околу 3 часот по полноќ додека бегале кон границата со Украина.

Ислам Халилов (15) кој работел како гардеробер во концертната сала е прогласен за херој бидејќи во нападот спасил повеќе од 100 луѓе.