АЛЕКСАНДАР ЛУКАШЕНКО ЗНАЕЛ СЕ !? Претседателот на Белорусија испратил шифрирана порака до ФСБ и Владимир Путин, но дали истата ја добил и Евгениј Пригожин !?

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека го предупредил лидерот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин, дека му се заканува обид за атентат.

Последниот пат кога летав за Емиратите, добив многу сериозни информации за обид за убиство на Евгениј Пригожин. Во рок од два часа го пронајдоа рускиот амбасадор во Емиратите и го поканија кај мене“, рекол Александар Лукашенко, пренесесуваат белоруските медиуми.

Како што вели, на рускиот амбасадор му пренел шифрирана порака што ја испратил до Кремљ односно до Владимир Путин и првиот човек на ФСБ, Александар Бортников, за обидот за атентат врз Евгениј Пригожин.

Тој додава дека по извесно време лидерот на Вагнер му потврдил дека претседателот на Русија го предупредил за претстојниот обид за атентат.

Александар Лукашенко посочи дека белоруската страна на своја територија исполнила се што му ветила на Вагнер и повеќе од тоа.

Вчера по моја наредба беа контактирани од КГБ, а од мене добија само една порака: Ќе исполниме се што договоривме јас и Евгениј Пригожин“, изјавил белорускиот претседател.

Да потсетиме, лидерот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, загина во средата. Авионот во кој се наоѓал се урна во регионот Твер додека летал меѓу Москва и Санкт Петербург