СОСТОЈБА НА МАКСИМАЛНА ГОТОВНОСТ – Воената хунта во Нигер издаде наредба до сите војници: “Нема да дозволиме изненадување!“

Воената хунта, која ја презеде власта по државниот удар во Нигер, им нареди на вооружените сили да бидат во највисока готовност, наведувајќи ја зголемената закана од напад, според внатрешен документ објавен од началникот на одбраната.

Во документот, кој денес беше објавен на Интернет, се наведува дека наредбата за максимална готовност ќе им овозможи на силите соодветно да одговорат во случај на каков било напад и да избегнат изненадување.

Се повеќе се чувствуваат закани за агресија на националната територија“, се наведува во соопштението кое го пренесуваат странските медиумски агенции.

Здружението на западноафриканските земји – ЕКОВАС веднаш по државниот удар во Ниамеј што се случи на 26. јули, решително застана на страната на соборениот претседател на Нигер, Мохамед БазумЕКОВАС објави дека е подготвена за воена интервенција во Нигер, веднаш штом ќе биде наредено, во неколку наврати, особено по дводневниот самит во Акра, Гана, на 17. и 18. август.

Четири дена по државниот удар, на 30. јули, ЕКОВАС им даде на водачите на воената администрација во Нигер седум дена да го вратат претходниот претседател Мохамед Базум. Инаку, покрај санкциите, најавено е и употреба на сила.

Во петокот, ЕКОВАС ја минимизираше заканата и соопшти дека е решена да направи чекор назад за да се приспособат на дипломатските напори, иако интервенцијата останува опција на масата.

Паралелно, воената администрација на Нигер ги овласти армиите на Мали и Буркина Фасо да дејствуваат на територијата на таа земја.

Генералот Абдурахман Тчиани, првиот човек на Нигер, потпиша извршни наредби за таа цел во случај на агресија. Лидерите на двете земји претходно најавија дека нападот на ЕКОВАС врз Нигер ќе го третираат како чин на војна против нивните земји.