ОСТРА РЕАКЦИЈА И ОД РУСИЈА – Итен повик до Азербејџан и Ерменија да го прекинат крвопролевањето во Нагорно-Карабах

Денес Русија апелираше до Азербејџан и Ерменија да го запрат крвопролевањето во Нагорно-Карабах и да се вратат на мирно решение на ситуацијата во оваа енклава.

Азербејџан денес објави дека започнал „антитерористички операции“ против ерменските сили во Нагорно-Карабах.

Русија итно повикува на прекин на крвопролевањето и враќање на мирно решение“, изјави за новинарите Марија Захарова, портпаролка на Министерството за надворешни работи на Русија и додаде: „Сите фази на мирно решение се прецизирани во договорите потпишани во 2020 и 2022 година“.

Планинскиот регион Нагорно-Карабах и дел од околните територии се под ерменска контрола од крајот на сепаратистичката војна во 1994 година, но Азербејџан ги врати тие територии во шестнеделната војна во 2020 година, која заврши со прекин на огнот со посредство на Русија.

Оттогаш, контингент руски мировници е во Нагорно-Карабах.