Александар Лукашенко си игра мајтап со Полска: “Треба да ми се заблагодарат затоа што ги држам борците на Вагнер под контрола!“

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, ја исмеа Полска поради фактот што платениците на групата Вагнер се толку блиску до белоруско-полската граница.

Александар Лукашенко вели дека официјална Варшава треба да му се заблагодари што ги држи борците на групата Вагнер под контрола.

Непознат број на членови на групата Вагнер кои учествуваа во „неуспешниот“ бунт организиран од нивниот лидер и водач, Евгениј Пригожин, на крајот на јуни беа преместени во Белорусија и сега ја обучуваат белоруската Армија.

Полска реагираше со придвижување на повеќе од 1.000 свои војници поблиску до границата со Белорусија.

Според извештајот на белоруската државна медиумска агенција BELTA, Александар Лукашенко рекол дека Полјаците треба да бидат благодарни затоа што Минск ги чува борците на Вагнер и им овозможува да седат мирни.

Да не бевме таму, тие ќе се упатија кон Жешов и Варшава. Затоа не треба да ме обвинуваат мене, туку да ми се заблагодарат“, рекол Александар Лукашенко.