ЕДЕН ПОВИК МЕНУВА СЕ! Реал во паника: Се појави клуб кој може да го земе Мбапе од Париз

Каде оди Килијан Мбапе е главна фудбалска тема во последните недели.

Францускиот фудбалер од утрово повеќе не може да ја користи опцијата за една година во договорот бидејќи доби бонус за верност од 40 милиони евра од Пари Сен Жермен. Мбапе одби да го продолжи договорот со парижаните за на лето да стане слободен играч и на тој начин да се пресели во Реал Мадрид.

Сепак, Пари Сен Жермен сега го нуди Мбапе на други клубови и бара да го продаде пред крајот на преодниот рок.

Иако љубовта меѓу Мпабе и Реал е взаемна , еден од најдобрите фудбалери во светот би можел да тргне во друга насока. Затоа што Челзи се вклучи во приказната и тоа многу сериозно.

Сопственикот на Челзи, Тод Боелхи лично му се јавил на претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келафи, во обид да го ангажира Мбапе трајно или на позајмица, пишува Екип.

Мбапе на почетокот на летото му порача на клубот од Париз дека нема намера да го продолжи договорот, па дури и исфрлањето од тимот пред турнејата низ Јапонија не го потресе премногу. Не е загрижен дали треба да седи на трибините цела сезона. Толку многу, што ја одби баснословната понуда на Ал Хилал од Саудиска Арабија во трансфер вреден една милијарда евра.

Како што пишува францускиот весник, Мбапе има опции или да го продолжи договорот со ПСЖ до летото 2025 година, но со клаузула дека мора да го продадат следното лето во Реал, за да може клубот нешто да заработи или ПСЖ да го испрати во некој на позајмица ова лето.