23 години од масакрот кај Вејце

Денес се одбележуваат 23 години од масакрот кај Вејце, најкрвавиот и најбруталниот масакр во Македонија.

Масакрот се случи на денешен ден, 28 април 2001 година, пред 23 години во 17:45 часот откако од заседа и ѕверски биле убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“. Покрај осуммина убиени, имало и шестмина повредени. При нападот, од колоната успеало да се извлече последното возило и да јави за невидениот масакр.

Иако нападнати од заседа, војниците и полицајците давале получасовен отпор, бранејќи го суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија!