Алигатор распарчи маж: Случаен минувач нашол грозоморна сцена во парк во Флорида, морале да пукаат за да го ослободат телото (ВИДЕО)

Голем алигатор е виден како носи тело на непознат маж по канал во округот Пинелас, Флорида.

На ужасните фотографии и видеа се гледаат полицајци како стојат околу алигаторот облеан во крв.

Случаен минувач најпрво го забележал рептилот долг речиси четири и пол метри со неговата жртва стегната меѓу вилиците на станбена улица во Ларго.

– Видов дека го носи телото во вилиците, па почнав да снимам – изјавил сведокот Џамаркус Булард за локалните медиуми.

Булард ја известил противпожарната служба на Ларго, која била стационирана на само неколку чекори од крвавата сцена. Алигаторот потоа бил застрелан и извлечен од водата.

– Многу од моите соседи беа тука и ми кажаа за алигаторот. Слушнавме истрел. Претпоставувам дека убиле алигатор – изјавила Џенифер Дин, жителка на областа.

Канцеларијата на шерифот на округот Пинелас потврди дека жртвата и алигаторот биле извлечени од каналот, но одби да каже дали полицајците го повлекле чкрапалото.

Областа е во непосредна близина на популарниот парк Риџкрест, кој вклучува езеро од пет хектари населено со алигатори.

Дин вели дека алигаторите „рутински шетаат“ низ населбата, но нагласи дека убиениот во петокот бил еден од најголемите што таа некогаш го видела.

Инспекторите сè уште се обидуваат да ја утврдат причината за смртта на жртвата.

Инцидентот се случува неколку месеци откако една постара жена од Флорида беше убиена од алигатор додека го шеташе своето куче.