ВИДЕО | БЕНЈАМИН НЕТАНЈАХУ ВО СТИЛОТ НА ВОЛОДИМИР ЗЕЛЕНСКИ – Во воено одело премиерот на Израел објави видео на Интернет и ја најави офанзивата: “Подготвени сме!“

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, се сретна со израелските војници на позициите во близина на границата со Појасот Газа и објави видео на социјалната мрежа Х (Твитер).

Со воините сме, подготвени сме. Ќе победиме, ќе им зададеме тежок удар на нашите непријатели“, порача тој во видеото кое можете да го погледнете ОВДЕ.

На видеото,Бенјамин Нетанјаху беше облечен во стилот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој речиси на идентичен начин ги посетува војниците на фронтот.