КОЦКИ ОРЕВИ, КОЛАЧ КОЈ ГО САКАВМЕ ВО ЈУГОСЛАВИЈА: Се прави едноставно и многу брзо

Совршен десерт за денеска – сочен, а сепак толку вкусен

Состојки за кора:

  • 2 и пол чаши брашно
  • 1 шолја масло
  • 400 мл млеко
  • 1 шолја мелени ореви
  • 2 чаши шеќер
  • 3 јајца
  • 1 прашок за пециво

Состојки за филот :

  • 6 супени лажици вода
  • 10 лажици шеќер
  • 50 гр чоколадо за готвење
  • 125 грама путер
  • 1 ванилин шеќер

Подготовка: Се матат јајцата и шеќерот, па се додаваат маслото, млекото, брашното, прашокот за пециво. Сè убаво измешајте и печете во загреана рерна на 190 степени околу 40 минути.

Додека колачот се пече, а потоа се лади, направете го филот мешајќи вода и шеќер, потоа додадете путер и чоколадо за готвење, како и ванилин шеќер. Добиениот фил прелијте го колачот, посипете со ореви и изладете.