Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во полуфиналето на УС Опен, откако во четвртфиналето убедливо го совлада Германецот Александар Зверев со 6:3, 6:2, 6:4.
Светите 150 минути му беа доволни на младиот Шпанец да ја заврши работата против 12-от носител на турнирот.
По маратонскиот меч со Синер во осминафиналето, Зверев немаше сили да му пружи посилен отпор на маестралниот Шпанец.
Во првиот сет беше забележана прилично израмнета борба до осмиот гем, кога Алкараз успеа да му го одземе сервисот на ривалот и по одличен сервис гем да поведе со 1:0 во сетови (6:3).
Во вториот сет Алкараз го засили своето темпо и направи брејк веќе во третиот гем. До крајот на сетот ги контролираше случувањата на теренот. При 4:2 повторно го одзеде сервисот на Германецот и рутински ја заврши работата за убедливи 2:0 (6:2).
Зверев го пружи најсилниот отпор во третиот гем, поведе со 4:3, но никако да стигне до брејк. Во деветтиот гем, Шпанецот прави клучен брејк и ја завршува работата со одлични сервиси (6:4).
Алкараз за пласман во финалето ќе се бори против рускиот тенисер Данило Медведев, кој беше убедлив против сонародникот Андреј Рубљев.
Алкараз за пласман во финалето ќе се бори против рускиот тенисер Данило Медведев, кој беше убедлив против сонародникот Андреј Рубљев.