Алкараз „падна“ на шармот на Лола: Убавата тенисерка (21) го заведе Карлитос, сите зборуваат за оваа романса

Шпанските медиуми прават голема врева за ова

Официјална потврда нема, но шпанските медиуми на големо пишуваат дека атрактивната Лола Марандел му „фатила око“ на првиот светски рекеткар Карлос Алкараз!

Лола е 21-годишна француска тенисерка која настапува на ИТФ турнири, додека шпанските медиуми напоменуваат дека споменатата двојка се запознала преку Инстаграм.

Наводно, таму прво почнале да разменуваат „лајкови“, а во меѓувреме преминале на повисоко ниво кога се во прашање меѓусебните пораки.

Шпанскиот портал „marie-claire.es“ дава и изјави од својот извор кога станува збор за двајцата:

– Да, тие разговараат и овој турнир во Ница би бил прв пат да се сретнат. Затоа Алкараз решил наместо на одмор да замине во Ница, по победата на Вимблдон – ова се зборовите на неименуван извор.