Карлос Алкараз го заврши учеството на Австралија опен, откако беше поразен од Александар Зверев.
И не дека го надмина, туку го урна! Германецот на крајот победи со 6:1, 6:3, 6:7, 6:4 и закажа дуел против Данило Медведев во полуфиналето.
Тој меч е закажан за в петок, а организаторите ќе одредат дали тој и Медведев ќе играат во првиот период или ќе биде резервиран за Ѓоковиќ и Синер.
Со овој пораз Алкараз ја загуби и можноста да му се закани на Новак Ѓоковиќ кога е во прашање првото место на АТП листата.
Натпреварот започна шокантно во Род Лејвер арената, бидејќи Зверев го избриша Алкараз во првиот сет со 6:1 во 29 минута.
Потоа во вториот почна бурно да игра и со два брејка стигна до 6:3 сет и големо водство од 2:0.
Зверев продолжи да игра блескаво и во третата, се проби и ја задржа предноста до 5:3, кога сервираше за меч!
Но тогаш Алкараз покажа за каков борец се работи, успеа магично да се извлече, а потоа да стигне до тајбрејкот во кој одигра неверојатно и го доби со 7:2 и намали на 2:1!
Четвртиот сет започна шокантно за Алкараз, бидејќи Зверев веднаш направи брејк. Но, Шпанецот веднаш го врати. Се чинеше дека потоа игра подобро, но Зверев во продолжение успеа да избие, а потоа повторно да сервира за меч.
Овој пат не ја пропушти шансата и оствари голема победа.