Алкараз призна дека повеќе би сакал олимписко злато од победа на „Ролан Гарос“

 Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз изјави дека освојувањето на олимпиското злато е поважна цел за него од освојувањето на Грен слемот „Ролан Гарос“.

– Би сакал олимписка титула бидејќи за мене е сон да и донесам медал на мојата земја. Олимпиското злато е една од најголемите работи во спортот воопшто. „Ролан Гарос“ е турнир на кој ќе бидам многу среќен да го освојам и се надевам дека ќе ги подобрам резултатите од минатата година, но не се чувствувам дека ако не го освојам ќе ми биде трн во око. Но, како и секој друг грен слем турнир, вреди, изјави Алкараз за „Sportskeeda“.

Отвореното првенство на Франција во 2024 година ќе се одржи од 20 мај до 9 јуни. 

Летните олимписки игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август.

Дваесетгодишниот Алкараз е победник на два Грен слем турнири (2022 УС Опен и 2023 Вимблдон) и 12 АТП турнири во сингл.