Алтернатива – БЕСА – Демократско Движење: “Измените во Кривичниот законик се за да се спаси Никола Груевски“

Почитувани претставници на медиумите, драги граѓани,

Денес сме тука пред вас да објасниме зошто на владата и на парламентарното мнозинство на оваа Собрание му се брза за усвојување на измените на Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Иако описот на предлог-измените е составен со елоквентен јазик и со европски аргументи, тоа може да помине кај тие што не знаат да читаат правни текстови или кои не го сфаќаат измамата на владата и на оваа власт, но не и кај нас.

За да не ве здодевамe на оваа прес-конференција со правни детали, бидејќи за истите ќе се погрижиме да се изјасниме преку амандманите, она што денеска сакаме да го кажеме е дека основната причина поради која се прават овие измени во Кривичниот законик е што е можно побрзо во Скопје да се врати, без трн во ногата, Никола Груевски. Јавноста има право да знае, а премиерот Ковачевски и министерот за правда Лога имаат обврска да го објаснат ова, дека доколку помине овој предлог за измена на Кривичниот законик, а тие имаат мнозинство да го усвојат, потоа можат слободно да му извадат билет на Никола Груевски во еден правец од Будимпешта до Скопје и да го пречекаат со сите државни почести.

За информација на јавноста, Никола Груевски е осуден на две години затвор за предметот „Тенк“. За предметот „Титаник“ кој е во тек, со сегашниот Кривичен законик може да се осуди до десет години, а со новата измена може да се осуди до две или три години затвор. За предметот „ТНТ“ тој е осуден на 9 години затвор. За предметот „Насилство во Општина Центар“ е осуден на 1 година и 6 месеци затвор. Се уште нема пресуда за предметот „Феникс“, а предметот „Талир“ се вратил на почетокот на постапката. За предметот „27 април“ постапката за Груевски е прекината. За предметот „Талир 2“ е осуден на 6 години затвор, а моментално предметот е во Апелациониот суд. Предметот „Траекторија“ е веќе застарен, а за предметот „Плацеви на Водно“ е осуден на 7 години затвор.

Меѓутоа, со овие Предлог-измени во Кривичниот законик, што ги предлага власта на СДСМ-ДУИ-АА, сите овие казни што му се изречени на Груевски и тие што може да следат, паѓаат во вода. За сите предмети во кои е осуден или му се суди во отсуство, тој може да бара повторување на постапката, додека – а овие измени на Кривичниот законик – сите предмети во тој случај ќе бидат прогласени за застарени, па така на Груевски, евентуално, може да му се суди само за предметите „Тенк“ и „Насилство во Општина Центар“, кои не предвидуваат казна затвор од повеќе од три години, а со овие трикови и манипулации со правдата, како што знае само триото Ковачевски-Ахмети-Таравари, убедени сме дека ќе успеат да го спасат целосно, па дури и да му платат отштета и да го прогласат за херој.

Почитувани граѓани, зошто власта толку брза да го донесе Кривичниот законик, една толку сериозна и важна тема, со толкава итност, па дури и да го стави во Комисијата за европски прашања на Арбер Адеми на ДУИ и под знамето на ЕУ, тоа тие треба да го објаснат. Како се поврзува спасувањето на Груевски со Европската Унија, ова може да го знае само триото Ковачевски-Ахмети-Таравари.

Освен ова, ние имаме длабоки и основани сомнежи дека измените на Кривичниот законик се предлагаат и затоа што високи експоненти на ДУИ, но и на СДСМ, знаат дека по следните избори ќе бидат во опозиција и затоа сакаат да создадат рамка за да не се гонат кривично. Од што се плашат, тие најдобро знаат, а ние ќе дознаеме дури откако ќе бидеме на власт, кога ќе имаме пристап до сите валкани трикови на оваа антинародна власт.

Она што се забележува е дека Предлог-измената на Кривичниот законик не е потпишана од министерот за правда, туку од неговиот заменик. Дали Алијансата за Алабнаците сака да си ги измие рацете како Пилат и да каже дека не е виновна за услугата што му ја прават на Груевски? Ние очекуваме и министерот за правда, како и лидерот на АА, да излезат и да изјаснат дали се согласуваат со овие измени на Кривичниот законик. Ако не се согласат, тогаш најмалку што можат да направат како партија е министерот Лога да си поднесе оставка, бидејќи знаеме дека тие веќе не можат да излезат од Влада.

Сешто се случува со уставните измени во Северна Македонија уште еднаш нè убедува зошто ова мнозинство и оваа Влада се плашат од нашиот предлог-амандман за уставно санкционирање на борбата против корупцијата, со цел тие предмети никогаш да не застарат. Во тој случај ниту Мијалков немаше да се спаси, ниту Груевски утре нема да се спаси, ниту пак другите по нив што ја преминале црвената линија.

Една власт која кокетира со Груевски, за какви било интереси, повеќе не ја заслужува довербата на граѓаните.

Во Центар“ овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.