ГОЛЕМИ ТЕНЗИИ ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА – Милорад Додик директно се закани на ЕУ: “Ќе го уапсиме и депортираме ако стапне во Република Српска!“

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, се закани дека полицијата на Република Српска ќе го уапси високиот меѓународен претставник Кристијан Шмит доколку стапне на територијата на тој ентитет, тврдејќи дека лажно се претставува како прв човек на меѓународната администрација во Босна и Херцеговина (БиХ).

Милорад Додик им рекол на новинарите во Сараево дека властите подготвуваат декрет со кој ќе му забрани на Кристијан Шмит да влезе во Република Српска како висок претставник.

Утрово пишуваме наредба дека ќе го уапсиме и депортираме кога ќе влезе во Добој или ако отиде некаде транзит, тогаш ќе биде спроведен само за што побрзо да помине. Доколку дојде на средбата во Република Српска , ќе биде избркан“, вели Милорад Додик.

Милорад Додик прецизираше дека регулативата ќе биде финализирана во текот на денот.