– Политичката партија Алтернатива на средби со граѓани ќе даде отчет за сработеното и ќе ги слушне потребите на граѓаните, изјави пред вечерашниот митинг во Куманово, лидерот, Африм Гаши. Тој посочи дека и сега како опозициска партија ќе остварат средби со граѓани пред кои ќе дадат отчет, но и ќе ги слушнат потребите, важни за граѓаните.
– Дојдовме да се сретнеме со граѓаните, да ги слушнеме, да објасниме да дадеме отчет и да продолжиме посилни напред, изјави Гаши.
Одговарајќи на новинарски прашања кои се очекувањата за периодот што претстои, Гаши рече дека ќе имаат широки консултации и дека ќе ги слушнат потребите, а партиските тела ќе ја донесат одлуката.
– Сè е отворено, ги слушаме граѓаните, активисти. Имаме широки консултации и на крај во нашите партиски органи ќе одлучат тоа што е најдобро за нашите активисти, за партијата, за сите граѓани. Ние сме партија која ги отвора сите вратите за соработка и многу е битно да имаме добри односи со сите, изјави Гаши.