Последната анализа на Фондацијата за демократија „Вестминстер“ покажува дека меѓу двата пописи, односно од 2002 до 2021 година, 77.000 млади луѓе ја напуштиле државата. Бројот на млади во земјава е намален за 6 отсто и младите сега сочинуваат само 18 отсто од населението, додека на претходниот попис изнесуваше 24 отсто, велат од Алтернатива.
„Алармантните бројки ги гледаме и во пракса. Го слушаме како проблем на секоја средба со граѓаните и во секое семејство што го посетуваме. Речиси и да нема албанско семејство кое во последните години не придружувало млад човек на Запад. Сето тоа поради немањето перспектива кај нас, длабоката економска криза, непотизмот и партизираноста на институциите.
Целата оваа миграција, која ја празни Македонија од Албанци, има една адреса и еден сценарист: ДУИ и Али Ахмет. ДУИ две децении на власт не успеа да создаде услови за економски развој на регионите населени со Албанци, не успеа да отвори работни места, да го зајакне образованието“, се вели во соопштението на Алтернатива.
Од таму додаваат дека е докажано оти ДУИ за 20 години власт размислувала само за доброто на своите функционери и нивните семејства.