Ал Наср донесе нов играч од Манчестер Јунајтед

Саудискиот клуб Ал Наср го претстави третото големо име ова лето. Бразилскиот лев бек Алекс Телес пристигна од Манчестер Јунајтед. 30-годишниот фудбалер играше со Кристијано Роналдо додека Португалецот не отиде во Ал Наср, а сега повторно се заедно во Саудиска Арабија.

Телес не чинеше многу. Според Фабрицио Романо, Ал Наср за него платил пет милиони евра, а ќе плати уште два доколку се исполнат условите за договорените бонуси. Пред Телес, во Ал Наср пристигнаа Марсело Брозовиќ и поранешниот капитен на Ленс, Секо Фофана.

Телес пристигна во Манчестер Јунајтед за 15 милиони евра во 2020 година. Никогаш не се наметна како прв лев бек во тимот. Минатата сезона ја мина на позајмица во Севиља, а веќе некое време се пишува дека тренерот Ерик тен Хаг не го сака во тимот.