Ал Пачино конечно проговори за детето што го очекува во осмата деценија од животот – еве што навистина мисли актерот за бременоста на неговата 29-годишна девојка!
Еден од најуспешните холивудски актери, Ал Пачино, неодамна објави дека станува татко по четврти пат, на 83-годишна возраст. Неговата партнерка Нор Алфала (29 г.) со која е во врска околу една година е бремена.
Актерот сега одлучи да ги отфрли гласините дека (не)среќен поради веста.
„Многу е посебно. Секогаш беше. Имам многу деца. Но, ова е навистина посебно пристигнување во овој момент“, рекол Ал Пачино, пренесува Mail Online.
Да потсетиме дека актерот никогаш не се оженил во неговиот живот. Една од неговите љубови била учителката по глума Џен Тарант, со која ја има ќерката Џули Мери, додека со актерката Беверли Д’Анџело има 17-годишни близнаци, синот Антон Џејмс и ќерката Оливија Роуз.