Џорџ и Амал Клуни се секогаш дотерани, шик и елегантни. Безвременското чувство за стил ја става оваа брачна двојка високо на листата на најдобро облечени сè почесто. Така и овој пат не не разочараа кога заедно се појавија на лондонската премиера на филмот ‘‘The boys in the boat‘‘ кој го режираше актерот Џорџ Клуни.
Тој и неговата сопруга Амал благодарение на одличниот избор на аутфит го привлекоа вниманието на присутните. Како што често се случува, парот повторно се совпадна со нивниот стил, а нивните елегантни изданија не оставија без здив.
Амал се одлучи за црна комбинација – корсет од кадифе со заоблено деколте и тесни панталони кои одлично ја истакнаа нејзината фигура. Елегантната модна комбинација ја заокружи со едноставна шминка, клач чанта и црни чевли, додека Џорџ за нивното заедничко појавување на црвениот тепих избра класично темно сино одело.
Ова е само едно од многуте гламурозни изданија на адвокатката која инаку воодушевува со својот непогрешлив стил. Без разлика дали носи фустани или костуми, Амал секогаш изгледа одлично. Така, неодамна појавувајќи се на доделувањето на Justice Albi Awards организирано од Фондацијата за правда во зградата на Јавната библиотека во Њујорк, таа едноставно блесна во долг златен фустан со стаклени реси кои „танцуваа“ околу нејзиното тело со соодветна златна чанта и сандали.
Џорџ и Амал се запознаа во 2013 година и се венчаа само неколку месеци подоцна. Како што потврдија во неколку наврати, тоа било љубов на прв поглед. Три години по венчавката, која се одржа во Венеција, Амал ги роди близнаците Ела и Александар, кои сега имаат шест години.