Амбер Херд ‘тајно и трајно’ го напушти Холивуд по драмата со Џони Деп !? Актерката се преселила во оваа европска земја, а еве зошто се одлучила на тоа

Актерката Амбер Херд наводно го напуштила Холивуд и се преселила во Мадрид откако го изгуби судењето со нејзиниот поранешен партнер Џони Деп, дознава Daily Mail.

Можам да откријам дека Херд го напушти Холивуд и тивко се пресели во Шпанија со нејзината ќерка Онаг“, пишува Алисон Бошоф во својата статија за весникот а деталите ги добила од пријателката на актерката.

Зборува два јазика – англиски и шпански. Таму е среќна, сака да ја одгледа ќерка си подалеку од вревата“, пишува Алисон, но не открива дали Амбер Херд го напуштила актерството трајно или само привремено.

Мислам дека таа не брза да се врати на работа или Холивуд. Тоа веројатно ќе дојде кога ќе биде вистинското време, за вистинскиот проект“, објаснила пријателката за тајната преселба на актерката.

Имено, во јули 2022 година, актерката продаде куќа во долината Јука, Калифорнија за 1,1 милион долари. Оттогаш, таа поминала многу време во Шпанија. Во октомври минатата година Амбер беше фотографирана на плажа во Мајорка, а пред тоа беше фотографирана во детски парк со својата ќерка исто така во оваа европска земја.