Ковачевски за новите документи: Откако ќе разговараме со Грција ќе одлучиме да го одложиме рокот

„Евентуалното одложување на крајниот рок за размена на лични карти и патни документи ќе го чека епилогот на разговорот помеѓу претседателот Стиво Пендаровски и грчкaта претседателка, Катерина Секеларопулу“.

Вака одговори премиерот Димитар Ковачевски, на прашањето за предлогот за продолжување на периодот на валидност на документите со старото име на државата. Ковачевски додаде дека надлежните органи ќе можат да постапат откако ќе добијат информации од претседателот.

„Кога претседателот Пендаровски ќе разговара со грчката претседателка, тој ќе нè информира и ние ќе можеме да дејствуваме“, одговори накратко премиерот Ковачевски.

Државниот претседател Стево Пендаровски побара да се одложи рокот до септември.

„Јавен предлог давам до Владата законот за патни исправи да се продолжи до септември, мора да ги заштитиме граѓаните – нема смисла да продолжи хаосот со издавање нови документи“, рече Пендаровски.

Инаку, рокот да важат старите документи е 12 февруари. Ова предизвика хаос пред надлежните институции за издавање нови документи, во кои собраа големи гужви на граѓани.