Марија е пронајдена мртва во станот а немала убодни рани: Поранешниот сопруг упаднал во куќата и наишол на страшна глетка

Телото на Марија Антониета Панико (42) го пронашол нејзиниот поранешен сопруг во локви крв во нејзиниот дом во Тренто, Италија.

Да беше жива, за четири дена ќе наполнеше 43 години.

На нејзиното тело немало убодни рани , а по обдукцијата ќе се знае дали се работи за убиство или починала од некоја болест.

Телото во средата околу 11 часот го пронашол нејзиниот поранешен сопруг, кој се загрижил бидејќи таа неколку дена не одговарала на неговите повици.

Во 2018 година, Марија се кандидираше на покраинските избори, а потоа две години подоцна се обиде да влезе во градскиот совет со листа што ја поддржуваше Андреа Мерлер.

Имаше ќерка, а италијанските медиуми пренесуваат дека неодамна била во врска со нов партнер.