АМЕРИКАНЕЦ ПАТУВА НИЗ БАЛКАНОТ СО ЈУГО: Тврди дека си го исполнува сонот, погледнете како изгледа сето тоа (ВИДЕО)
Планира да помине дури 5.000 километри.
Популарниот Тик Токер од Америка, Јустус Рид, кој на многу необичен начин се поврза со Балканот и оттогаш е фасциниран од традициите на земјите од овие простори. Решил дека ќе живее на Балканот, поточно во Србија, но во исто време ќе го посети и остатокот од Балканот. Неговото возило кое тој го избра е, ни помалку ни повеќе, југо во златна боја.
Јустус Рид, за да може да го исполни „својот сон“, морал прво да оди да купи Југо. Колку што можеме да видиме на видеото, тој посетил отпад за автомобили во Белград и се одлучил за единственото „цело“ Југо.
– Да го купам најлошиот автомобил што некогаш е направен е мојот автомобил од соништата. Уште кога бев дете сакав да купам југо, затоа што се мразам себеси и мислам дека дојдов на вистинското место. Добре дојдовте во Србија – вели Рид на почетокот на своето видео и додава – Да, тука има многу добри… опции.
После тоа како да беше заслепен од сјајот на единственото цело Југо и тоа во златна боја. Кога стигна до него само рече – Тоа е тоа, Југо од злато.
-Тој е токму таков каков што го паметам во моите соништа – додава и забележува дека радиото е украдено од автомобилот.
– Ова е најдоброто Југо во цела Србија, можеби дури и во целиот свет – коментира Рид и потоа почнува да го тестира.
Во следното видео можете да погледнете како го подготвува своето златно Југо за долго патување:
Југото е подготвено. Првата станица е Сараево, а за самото патување и неговите впечатоци ќе можете да прочитате во утрешната статија. Не пропуштајте!