Американската амбасада во Русија ги предупреди своите граѓани да избегнуваат собири во Москва во наредните 48 часа

– Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Русија денес ги повика своите граѓани да избегнуваат собири во Москва во следните 48 часа, велејќи дека „екстремистите“ имаат план за нивно таргетирање.

„Амбасадата ги следи јавувањата дека екстремистите имаат непосредни планови да таргетираат големи собири во Москва, вклучително и концерти, а граѓаните на САД се советуваат да избегнуваат големи собири во следните 48 часа“, се вели во соопштението на Амбасадата објавено на нејзината веб-страница.

Амбасадата ги советува граѓаните да избегнуваат метежи, да ги следат локалните медиуми и да бидат внимателни.

Русија го одбележува Меѓународниот ден на жената 8 Март, неработен ден, кога луѓето се собираат и го прославуваат празникот, кој се смета и за фестивал на пролетта.