Брод во сопственост на САД наводно бил погоден со проектил во близина на брегот на Јемен!
Британската војска потврди дека бродот бил погоден.
Операции за поморска трговија на Обединетото Кралство (УКМТО) објави дека инцидентот се случил на околу 95 наутички милји југоисточно од Аден.
Според УКМТО, проектилот ја погодил левата страна на бродот.
Засега не се знае кој стои зад нападот.
Приватната разузнавачка фирма Амбреи соопшти дека проектилот погодил товарен брод во сопственост на САД кој пловел под знамето на Маршалските Острови.
Во средината на ноември, да потсетиме, шиитското паравоено движење Хути, кое владее со северен Јемен, почна да ги напаѓа бродовите поврзани со Израел во Црвеното Море како поддршка на Палестинците во Појасот Газа.
Ова предизвика пад на бродскиот сообраќај низ Суецкиот канал.
САД и Велика Британија во петокот вечерта започнаа операција против движењето, изведувајќи воздушни напади. Хутите ветија дека во иднина ќе извршат одмазднички напади врз американските и британските воени бази и објекти.