АМЕРИКАНСКИ Ф-16 се урнал ВО ЈУЖНА КОРЕЈА: Несреќа за време на тренинг лет, борбениот авион паднал во магацин, пилотот се катапултирал (ФОТО)

Американскиот борбен авион Ф-16 се урна денеска во Јужна Кореја за време на рутински тренинг лет.

– Пилотот е спасен откако се катапултирал откако се случила вонредна ситуација во авионот за време на летот – соопшти единицата на американското воено воздухопловство стационирана во таа земја.

Ф-16

Ројтерс јавува дека јужнокорејската крајбрежна стража го спасила пилотот кој паднал во водите на Жолтото Море и го вратила во воздухопловната база Кунсан.

– Причината за вонредната состојба се истражува – се наведува во соопштението.

Британската агенција наведува дека оваа база се наоѓа на западниот брег на земјата во градот Гунсан и е една од двете главни американски воени воздушни бази во Јужна Кореја.

Снимката која ја објави Индипендент покажува огромна дупка на покривот на локалниот магацин каде се урна авионот Ф-16.