Американското финансирање за Украина „не може да чека“, предупредува Бајден (ДПЛ)

  Американските пратеници мора да одобрат финансирање за воените напори на Украина овој месец или ризикуваат да му го дадат на рускиот Владимир Путин „најголемиот подарок“, предупреди денеска американскиот претседател Џо Бајден.
 „Тоа не може да чека“, рече Бајден во обраќањето од Белата куќа.

„Конгресот треба да усвои дополнително финансирање за Украина пред одморот – тоа е толку едноставно“, додаде тој.

Бајден   упати остро предупредување дека рускиот лидер Владимир Путин „нема да застане тука“ доколку успее да ја заземе Украина.

„Доколку Путин ја заземе Украина, тој нема да застане тука… Тој ќе продолжи, тоа прилично јасно го кажа“, рече Бајден.

И ако Русија нападне членка на НАТО алијансата, предупреди Бајден, „тогаш ќе имаме нешто што не го бараме, а што го немаме денес: американски војници кои се борат против руски војници… ако тој тргне во други делови од НАТО“.