АМЕРИКАНЦИТЕ ПРОТИВ АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ – Претседателот на Србија доби (не)вкусна порака од Стејт Департментот: “Насилството е неприфатливо!“

Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави (САД) ги повика властите во Србија да соработуваат со мисијата на ОБСЕ во истрагата на наводите за изборни нерегуларности, нагласувајќи дека насилството врз новинарите и изборните набљудувачи е „неприфатливо“, како и дека легитимноста на демократските процеси зависи од транспарентноста и подготвеноста на сите учесници да ја прифатат изборната волја.

Фокусирани сме на соработката со Србија за зајакнување на демократската Влада и владеењето на правото, подобрување на регионалната соработка, продолжување на економскиот раст и забрзување на напредокот на Србија на патот кон членство во Европската унија. Иднината на Србија е на Запад“, се наведува во писмениот одговор на Стејт Департментот на прашањето на Voice of America за новите протести во Белград кои во неделата прераснаа во насилни.

Во соопштението за печатот уште еднаш се поздравуваат прелиминарните заклучоци на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР дека изборите на 17. декември им понудија на гласачите избор на политички алтернативи, известува N1.

Со загриженост ги забележуваме наодите на ОДИХР дека изборите беа нарушени со бројни процедурални пропусти, притисок врз јавните службеници и злоупотреба на јавните ресурси и дека овие фактори, заедно со системските предности на владејачката партија, создадоа нефер услови. Соединетите Американски Држави ја повикуваат Србија тесно да соработува со ОБСЕ за да ги реши овие грижи“, се вели во соопштението.

Стејт Департментот вели дека наводите за нерегуларности, пријавени од ОДИХР и други тимови за набљудување на изборите треба да бидат истражени.

Насилството насочено кон изборни тела, новинари и акредитирани набљудувачи е неприфатливо. Партиите треба да пријават инциденти на изборни нерегуларности преку соодветни правни канали. Легитимноста на демократските процеси зависи од транспарентноста и волјата на сите страни, без разлика дали ќе победат или изгубат, да ја почитуваат волјата на народот изразена на гласањето“, се заклучува во одговорот на Стејт Департментот.