Америка, Русија и Украина постигнаа моровен договор: Потврдено од сите страни, еве што значи тоа и кои се следните чекори!
Од Белата куќа пристигнаа информации за преговорите меѓу САД и Русија одржани во Саудиска Арабија. Договорот го потврди и Украина.
Вашингтон објави дека САД и Русија постигнале договор за обезбедување безбедна пловидба во Црното Море, што беше една од клучните цели на преговорите. Исто така, беше договорено дека нема да има напади врз енергетската инфраструктура ниту во Русија, ниту во Украина.
Покрај тоа, Вашингтон ќе и’ помогне на Русија да го врати пристапот до глобалниот пазар за извоз на земјоделски и вештачки ѓубрива, вклучително и со намалување на трошоците за осигурување на бродови и олеснување на пристапот до пристаништата и платните системи за овие трансакции.
Белата куќа, исто така, потврди дека САД и Украина се согласиле да ја продолжат посветеноста на Америка за враќање на насилно земените украински деца.
Во соопштението на Белата куќа за Русија се вели: „САД и Русија се договорија да обезбедат безбедна пловидба, да ја елиминираат употребата на сила и да спречат употреба на трговски бродови за воени цели во Црното Море“.
Соединетите држави и Русија се договорија да развијат мерки за спроведување на договорот меѓу актуелниот американски претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин за забрана на напади врз електрани во Русија и Украина.
Соединетите Држави и Русија го поздравуваат посредувањето од трета земја за поддршка на спроведувањето на енергетските и поморските договори.
САД и Русија ќе продолжат да работат на постигнување траен мир. Соединетите Држави го повторија барањето на претседателот Трамп дека убиствата на двете страни од руско-украинскиот конфликт мора да престанат како неопходен чекор кон одржливо мировно решение.
„Во тој поглед, САД ќе продолжат да посредуваат во преговорите меѓу двете страни за постигнување мирно решение, во согласност со договорите постигнати во Ријад“, соопшти Вашингтон.
Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров изјави дека Киев се согласил да „обезбеди безбедна пловидба, да ја елиминира употребата на сила и да спречи употреба на комерцијални бродови за воени цели во Црното Море“.