АМСМ: На граничните премини нема долго чекање за влез и излез од државата

Од Авто-мото сојузот на Македонија соопштуваат дека сообраќајот во државата се одвива без пречки, и по влажни коловози.

Комуникацијата надвор од урбаните средини се развива со умерен интензитет. На граничните премини нема долго чекање за влез и излез од Македонија.

Од таму им препорачуваат на возачите да внимаваат на брзината на возилата, особено по котлините во земјава каде може да има одрони.