Анастасија не се срами да покаже колку го сака Гудељ! Таа отиде чекор понатаму и му испрати емоционална порака (ФОТО)

Младата ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ веќе подолго време уживаат во љубовта.

Тие постојано покажуваат колку се сакаат, а овие емотивни посветувања често се појавуваат на социјалните мрежи.

Сега се појави фотографија на која Немања позира пред камерите, додека Анастасија беше зад него, па фотографијата ја инспирираше да му испрати нежни зборови.

-Секогаш ќе ти го чувам грбот, душо – напишала таа.

Нема сомнеж дека секој ден се сè позаљубени и дека уживаат во заедничкиот живот.

Да потсетиме, Анастасија и Немања го загубија своето дете во 5-тиот месец од бременоста. После тоа извесен период се повлече од социјалните мрежи, но сега повторно е активна.

Заљубениот пар веќе некое време ужива на Ибица со блиски пријатели.