Тајните преговори меѓу Русија и Украина се водат веќе два месеци! Москва и Киев комуницираат само преку 2 посредници – вклучен е и Абрамовиќ!?

Според американските медиуми, веќе неколку месеци се водат тајни преговори за враќање на украинските деца кои беа однесени во Русија.

Турција и Саудиска Арабија се вклучени во чувствителни разговори кои траат веќе неколку месеци, пишува американскиот „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на четворица запознаени со ситуацијата.

Украинските и руските власти, наводно, во моментов составуваат список од неколку илјади деца кои биле однесени во Русија и сместени во сиропиталишта или посвоени од руски семејства. Официјални лица од двете страни одбија директно да разговараат за ова прашање, но интервенираа посредници од Саудиска Арабија и Турција.

Американскиот весник наведува дека на руска страна е вмешан рускиот тајкун и поранешен сопственик на ФК Челзи, Роман Абрамович.

Саудиска Арабија го покрена прашањето за раселените деца на состанокот на одбраните членки на Г-20 во Копенхаген, изјави за Фајненшл Тајмс дипломат запознаен со разговорите, а западните земји потоа му дадоа на Ријад својот благослов да продолжи да посредува по ова прашање.

Украина тврди дека Русија го организирала киднапирањето на околу 20.000 деца. Хуманитарната лабораторија Јеил известува дека најмалку 6.000 украински деца моментално се во Русија.