АНАСТАСИЈА РАЖНАТОВИЌ ГО ИЗГУБИ БЕБЕТО, ГУДЕЉ ЈА ОБЈАВИ ТАЖНАТА ВЕСТ: Ова е болен момент, но нашата љубов и ова ќе го надмине
Анастасија Ражнатовиќ го загуби бебето, а тажната вест ја соопшти нејзиното момче, фудбалерот и српскиот репрезентативец-Немања Гудељ.
Пред неколку недели парот ја објави радосната вест дека Анастасија е бремена, но за жал, бременоста беше прекината.
Како што наведе славниот фудбалер во објавата на Инстаграм, „ова е болен момент“ за нив и додаде дека нивната „љубовта ќе победи“.
„Со вас споделивме добра вест и бевте со нас со целото срце, честитки и пораки. Ви благодариме за тоа. За жал, сега имаме лоши вести, но знаеме дека ќе ја имаме вашата поддршка и разбирање што не сакаме да зборуваме за тоа. На наше големо жалење јас и Анастасија го загубивме нашето бебе. Ова е болен момент за нас, но нашата љубов и ова ќе го надмине“, напиша Гудељ на својот Инстаграм профил.