Пејачката Анастасија Ражнатовиќ неодамна остана без бебе со својот партнер Немања Гудеља, за што пишуваа сите медиуми.
Таа сега се чувствува и изгледа добро и го поминува времето со својот партнер во странство.
Ќерката на Светлана Цецеќа Ражнатовиќ не секогаш имала добра фигура, а во една прилика на медиумите им открила дека во пубертетот, кога била разделена од мајка си и живеела на Кипар со својот брат Вељко Ражнатовиќ, имала вишок повеќе од 20 килограми.
Најмногу килограми се здебелила во периодот кога заедно со нејзиниот брат Вељко живееле на Кипар, разделени од Цеца Ражнатовиќ, која тогаш била во домашен притвор.
– Празнината што ја чувствував бидејќи не бев со мајка ми ја надоместив со огромни количини храна, па се здебелив дури 20 килограми. Не зборував со никого за работите што ме мачат, само јадев. И нездрава храна – грицки, хамбургери, газирани пијалоци. Живеев така шест месеци – почна да раскажува Анастасија.
После три месеци, на Кипар ги посетила нивната тетка Лидија, која не можела да поверува дека нејзината внука станала непрепознатлива.
– И тогаш се здебелив многу. Тетката беше во шок, не можеше да поверува дека сум јас. Кога се вратила во Белград и’ рекла на мајка ми: „Сестро, Анастасија многу се здебели“. Мама ѝ одговорила:
„Не ја заприметив преку видео повик. Можеби малку, но брзо ќе ослабее“.
После половина година дојдов во Белград со кратки шорцеви и панталони и сè на мене ,,пукаше”. Мама се шокираше:
,,Црно дете, што си направилa од себе!?”
Бидејќи ,,пукав” од самодоверба и со 20 кила повеќе, и’ реков:
„Па мамо, што сега… малку се здебелив“ – искрена беше младата пејачка.
Сепак, набрзо решила целосно да го промени начинот на исхрана.
– Процесот на слабеење траеше долго, две-три години. Оттогаш се плашам да се вратам на старите начини на исхрана. Затоа штом ќе се здебелам, веднаш почнувам да внимавам што јадам – рече Анастасија.
– Ја елиминирав нездравата храна и се трудев да не прескокнувам оброци. Најмногу јадам здрави оброци, а генерално избегнувам ресторани за брза храна – изјави таа.