Блинкен: Заедно сме со народот на Босна и Херцеговина во неговата потрага по правда

 – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен објави порака по повод 28-годишнината од геноцидот во Сребреница.

„На 28-годишнината од геноцидот во Сребреница ние ги почитуваме сите жртви и стоиме со народот на Босна и Херцеговина во континуираната потрага по правда за жртвите и нивните најблиски“, напиша Блинкен на својот профил на Твитер.

На гробиштата во Меморијалниот центар во Сребреница – Поточари денес се одржа погребна молитва за 30 жртви на геноцидот извршен во летото 1995 година на подрачјето на Сребреница.