АНА И БАСТИЈАН ЈА ИГРАА ИГРАТА „КОЛКУ ДОБРО СЕ ПОЗНАВАМЕ“ Таа веднаш згрешила, а поради една работа сите велат дека се ПРЕСЛАТКИ
Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер неодамна ја покажаа својата друга, опуштена страна објавувајќи видео во кое одговараат на приватни прашања. Темата беше Божиќ , а преку видеото можеме да видиме колку добро се познаваат.
Оваа позната спортска двојка ретко споделува интимни моменти преку видео, па затоа нивните следбеници беа особено воодушевени.
Првото прашање што го добија беше едноставно: „Која е омилената божиќна торта на Бастијан? Ана Ивановиќ самоуверено одговори: Медењак! Меѓутоа, смеата ја исполни собата кога Бастијан ја поправи сопругата и откри дека неговото вистинско омилено божиќно уживање е доминото коцки.
Овој сладок момент ја покажа не само нивната отвореност пред камерите, туку и многу пријателскиот однос помеѓу Ана и Бастијан. Нивната спонтаност и смеење на сопствените грешки дополнително ги зголемија симпатиите на нивните фанови.
Во видеото во текстот погледнете на кои други прашања одговориле Ана и Бастијан.
Иако Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер се многу успешни во своите спортски кариери, ова видео покажа дека пред се тие се обични луѓе кои уживаат во секојдневните моменти на радост и смеа.