СОПРУГОТ ЈА ФАЌА ЗА ЗАДНИКОТ ДОДЕКА ТАА ПАРАДИРА ВО ТАНГА БИКИНИ: Позната манекенка фатена во ЖЕШКИ ИГРАРИИ во морето

Прославената манекенка Хајди Клум божиќните празници ги поминува далеку од дома , на егзотичен одмор на карипскиот остров Св. Бартс, позната дестинација за богатите и славните. Таа е придружувана од нејзиниот сопруг Том Каулиќ , а папараците ги „уловиле“ сопружниците додека уживале во сончање и капење на плажа.

Убавата Германка продефилираше во минијатурни црни бикини со танга  , уште еднаш докажувајќи дека се уште има женствена фигура, иако зад себе има четири породувања и веќе е во шестата деценија.

Атрактивната 50-годишна девојка секогаш изгледа феноменално на црвениот тепих и на фотографиите на Инстаграм, но овие папарацо фотографии се доказ дека Хајди Клум и без фотошоп и цел тим стилисти и шминкери може да се натпреварува со далеку, далеку помлади колеги.

Долгите, витки нозе, рамниот стомак и бујното деколте и понатаму се најсилното оружје на Хајди, но младешкиот дух не ја напушта.

Очигледно е дека ужива во љубовта со 14 години помладиот Том, кој не се двоумеше јавно да размени страсти со сопругата. Ја гушкаше и галеше на плажа , а фотографите успеаја да го снимат моментот кога и го стиска задникот на познатата манекенка.

Инаку, оваа линија Хајди ја должи на прилично строг режим, таа неодамна призна дека внесува само 900 калории дневно, што е речиси двојно помалку од препорачаниот дневен внес за возрасна жена. За потсетување, советот на стручњаците е дека е неопходно да се внесуваат помеѓу 1.800 и 2.000 калории дневно и тоа за жена која не е претерано физички активна.