„Секој ден наоѓаме по 20 мртви“: Поранешната кралска престолнина Хаваи се претвори во крематор, јагленосани тела насекаде (фото/видео)

Лахаина, поранешната кралска престолнина на Хаваи, сега е крематориум.

Би-би-си наведува дека се потврдени 99 смртни случаи, што ги прави пожарите во Лахаина најсмртоносните во САД во повеќе од еден век.

Но, само три отсто од јагленосаните урнатини во Лахаина досега се претресени, што ги зголеми стравувањата дека бројот на загинати ќе продолжи да расте.

Гувернерот на Хаваи, Џош Грин, предупредува дека спасувачките екипи кои сега ги пребаруваат јагленосаните домови и возила на Хаваи може да најдат уште 10 до 20 жртви дневно.

– Бројот на исчезнати засега е околу 1.300 – рече тој.

Сите жители на Лахаина, каде што живееле 12.000 луѓе, најверојатно побегнале или загинале во пожарот, додаде тој.

Тој рече дека најверојатно ќе биде потребно време властите да ги идентификуваат жртвите.

-Тешко е да препознаеш некого“, вели Грин.

Началникот на полицијата во округот Мауи, Џон Пелетиер, ѝ се обрати на јавноста во саботата, четири дена откако огромниот шумски пожар го опустоши западниот брег на Хаваи.

-Одиме да собираме човечки останки и тие се распаѓаат. Никој од нас не знае уште колку ги има – рече Пелетие, кој беше видно потресен.

Паралелно со потрагата по преживеани, протестираат и дел од жителите кои се лути што властите навреме не издале официјално предупредување, но и што на некои места доцни спасувачката помош.

Јавниот обвинител на Хаваите најави „сеопфатна истрага“ за одговорот на локалната власт на шумските пожари, кои ја обвинуваат дека не ги предупредила жителите доволно брзо за опасноста.

Градот Лахаина, кој сега е целосно изгорен и уништен, порано привлекуваше околу два милиони туристи годишно.

Во 19 век, тој бил главен град на Кралството Хаваи – државата што постоела на островите пред да се приклучи на Соединетите држави.

Пожарите на Хавајските острови започнаа кон средината на минатата недела.

Тие се предизвикани од екстремни горештини и суша, а брзото ширење на огнот е потпомогнато од силните ветрови од ураганот Дора, кој беснее над Тихиот Океан стотици километри јужно од островот.

Шумските пожари на Хаваи имаат тенденција да бидат помали од оние во Калифорнија и другите држави на копното на САД, но сега локалните жители велат дека никогаш не виделе нешто слично.

Гувернерот на Хаваите, Џош Грин, ова го нарече најголемата природна катастрофа во историјата на Хаваите.

– Лахаини е опустошена област, вакво уништување не сте виделе во животот – рече тој по посетата на ова место, два дена по избувнувањето на пожарот.

Жителот Емерсон Тиминс изјави дека овој град од тропски рај се претворил во воена зона за еден ден.