АНБ до ЈО: Поранешни раководители и вработени незаконски следеле опозициски лидер, новинари и државни функционери
Агенцијата за национална безбедност (АНБ), предводена од директорот Бојан Христовски, доставила три известувања до Јавното обвинителство, од кои едното се однесува на поранешен директор на Агенцијата и група вработени.
Според наодите, во периодот од 2019 до 2024 година тие незаконски следеле опозициски лидер и повеќе новинари, со цел – како што стои во предметот – „уривање на власта“.
Од АНБ информираат дека незаконското следење опфатило и обвинител, како и министер од претходната влада. Истрагата утврдила и намерно одолговлекување на безбедносни проверки, меѓу кои и постапка за добивање безбедносен сертификат за пратеник од тогашната опозиција.
Во сите случаи биле противправно користени материјално-техничките ресурси на АНБ, а незаконски било спроведувано и следење на комуникациите, велат од Агенцијата.