Англискиот фудбалски клуб Квинс Парк Ренџерс ја суспендираше маскотата на клубот, популарната мачка Џуд, поради флертување со навивачки за време на натпреварите.
Заводникот во костум добил отказ по серија предупредувања кои му рекле да престане постојано да разговара со навивачките на трибините и да продолжи со својата работа.
Маскотата на КПР беше отпуштена поради флертување и беше целосно прекинат во следниот период откако неколку години го красеше стадионот на Лофтус Роуд. Беа бескорисни и бројните опомени од натпревар во натпревар.
Многу навивачи ја сакаа маскотата на клубот, а некои се бесни на отказот и бараат Џуд да се врати на стадионот Лофтус Роуд. Сепак, тоа засега нема да се случи.
“Многумина го сакаа Џуд, но некои се жалеа дека тој повеќе работи околу жените на трибините отколку да ги бодри фудбалерите. Секогаш танцуваше со нив и се обидуваше да ги натера да му го дадат својот број”, вели Сан.
Маскотата доби неколку опомени, но не се промени, па ќе биде прекината во наредниот период за овој член на Чемпионшип.