Англиски фудбалер брутално претепал девојка. Таа скокнала од балконот за да се спаси

Англискиот играч Шекил Мекдоналд (28) е осуден на две години и осум месеци затвор бидејќи во бесен напад и нанел тешки физички повреди на својата девојка Ејми Бекли (28).

Британски Дејли Мејл објави грозоморно видео на кое див фудбалер од англискиот нисколигаш Микливер ја гуши и ја фрла својата беспомошна девојка на подот во март годинава.

Се се случило по ноќно излегување, а нападот наводно се случил откако таа наводно разговарала со обезбедувач пред клубот. Мекдоналд очигледно го изгубил разумот поради љубоморниот испад и решил да го тргне бесот врз Ејми.

Прво и наредил да влезе во таксито, по што и удрил шлаканица. Потресните сцени продолжиле и кога влегле во нејзиниот стан. Ја задушил со перница, по што таа во потрага по спас скокнала од балконот кој бил на висина од четири метри. Таа се здобила со тешки физички повреди, две скршеници на лактот, повреди на лицето, рацете и нозете.

„Ми го грабна телефонот, ме фати за врат и ме одвлече во станот. Ми ја удри главата од бетонскиот ѕид. Тогаш паднав на подот. Ми рече дека ќе ме заспие, дека јас не можам ништо да му направам“, рекла таа низ солзи.

Дивиот фудбалер ја давел и ја претепал во собата, а таа не повикала полиција додека тој не си заминал.

Инаку, Шекил Мекдоналд не може да се пофали со завидна фудбалска кариера. Најголем дострел му беа второлигашите Дерби Каунти и Бирмингем, но неговото име сепак успеа да дојде во фокусот и тоа поради работи кои немаат врска со спортот.