Се бараат етнички Албанци да се вработат во Македонски шуми во Берово, вели за Детектор техничкиот заменик министер во Министерството за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски. Според него, системот се партизира со години и во моментов, во институциите работат луѓе кои немаа соодветно образование за функциите кои ги вршат.
30 нови вработувања има в последните два месеца в МИОА. Од ти3 30 вработувања нема ниту еден информатичар. В моментов одговорни за сајбер безбедност в МИОА се правник и професор по англиски јазик. Ниту еден информатичар. Во АЕК од 2013 е вработен последниот инженер. Агенција за електронски комуникации. Бројот на вработени во АЕК е зголемен за 15% овие 11 години. Ниту еден инженер не е вработен во тој период. Да не споменувам, дека во Македонски шуми се вработени 300 луѓе, а колабирано е претпријатието, од кои што Албанци са бара да се вработат во Ново Село и во Берово, за која непартизација зборуваме. Да не кажам, дека во Пошта са вработени нови административци, а им фалат поштари – вели Андоновски за Детектор.