Анита Јелиниќ (15) исчезна на 31 март во градот Залужница кај Оточац, Хрватска, а семејството со денови трага по нивната ќерка.
„Се плашиме. Ги молиме сите да ни помогнат“, изјави нејзиното семејство.
„Контактиравме со сите нејзини пријатели и познаници, но нема трага од неа. Веќе шести ден ја нема. Јас и мојот сопруг не сме добро, на апчиња сме. Само сакаме да си дојде дома и да биде добро“, рекла низ солзи мајката на исчезнатото 15-годишно девојче.
Девојката е висока 160 сантиметри, кафена коса и кафени очи.
Во моментот на исчезнувањето таа носела црно-црвена тренерка и црни патики.
Полицијата ги замолува граѓаните доколку имаат информации за Анита да ја известат најблиската полициска станица или да се јават на бројот 192. Исто така, информации може да се достават и на е-маил адресата: [email protected].