Новак Ѓоковиќ во депресија поради убиството на Данка Илиќ: Објава на Инстаграм покажува колку му е тешко (фото)

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ им се придружи на депресивните луѓе во Србија кои тагуваат по смртта на Данкa Илиќ (2).

Ноле на Инстаграм сподели фотографија од Данка на која пишува „Кога исчезна, нè соедини во молитва“, а има и емотикон со скршено срце, како и молитва за душата на паднатиот ангел.

Да потсетиме, Данка Илиќ исчезна на 26 март, Србија ја бараше 10 дена, за првпат во историјата беше пуштен системот „Најди ме“, но на крајот сè заврши трагично, бидејќи двајца мажи признаа дека ја убиле Данка со автомобил, по што го фрлиле нејзиното тело на депонија, а по телото на девојчето сè уште се трага.