Анонимен маж со пакистанско потекло влегол во турската амбасада во САД и донирал 30 милиони долари за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија, соопшти пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф.
„Длабоко трогнат од примерот на анонимен Пакистанец кој влезе во турската амбасада во САД и донираше 30 милиони долари за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија“, напиша премиерот на Твитер.
Агенција Анадолу, еден од турските државни медиуми, ја потврди оваа вест.
Низ светот беа организирани акции за собирање доброволни донации за жртвите од земјотресите во Турција и Сирија, а бројни светски влади испратија хуманитарна и финансиска помош.