Антонела му испрати емотивна порака на Меси, коментарот на Џорџина доби речиси 20 илјади лајкови

Фудбалерот Лионел Меси ја освои наградата за спортист на годината на престижните награди Лауреус во Париз, а голема поддршка како и секогаш му даде сопругата Антонела Рокузо.

Убавата Антонела на својот профил објави серија фотографии на кои парот позира во елегантно издание.

“Секоја чест љубави! Ти го заслужуваш ова и многу повеќе”, му порачала Антонела на својот сопруг, а објавата добила преку два милиони лајкови.

Меѓу илјадниците честитки и коментари се издвои онаа на девојката на Роналдо, Георгина Родригез.

„Преубава“, кратко изјави Џорџина, но нејзиниот коментар ги воодушеви фановите на аргентинската двојка и собра речиси 20.000 лајкови.

Инаку, Меси по втор пат ја доби наградата за спортист на годината, со оглед на тоа што наградата претходно ја подели со британскиот Формула 1 возач Луис Хамилтон во 2020 година.